Се играа продолженија и 120 минути за да се одлучи кој ќе биде следниот ривал на Шкендија

Б36 од Торшавн е потенцијалниот противник на Шкендија во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Доколку тетовци вечерва го елиминираат велшки Хаверфордвест, следен ривал ќе им биде Б36 од далечните Фарски острови.

Ова е нов голем успех за клупскиот фудбал на Фарските острови, откако првакот Клаксвик приреди сензација со убедливиот триумф на гости над унгарски Ференцварош.

Фараните беа подобри од естонски Паиде и тоа по продолженија, откако двата меча во регуларните 90 минути завршија 0-0. Откако не падна гол за 180 минути игра, екстра периодот донесе два погодоци и двата во мрежата на Естонците.

Стрелци на головите беа Нилсен и Полјакот Пржибилски, а при двата гола асистент беше Солхеим.

- Оглас -

Најнови вести