Покетино на дебито во Челзи го прекрши едно од основните правила на фудбалот

На пријателскиот меч помеѓу Челзи и Рексам кој се одигра доцна синоќа и Сините од Лондон на дебито на новиот менаџер Маурисио Покетино победија со 5-0, се случи една несекојдневна ситуација.

Во 84-та минута, Покетино на местото на Тревор Чалоба во игра повторно го стави Марк Кукурелја, а претходно на полувреме го извади Шпанецот.

Многумина се изненадија од потегот, но Чалоба се пожали на повреда, па и од тимот на Рексам, делегатот и судиите имаа разбирање, и дозволија на терен да се врати играч кој претходно беше изваден од игра.

- Оглас -

Најнови вести