Шкупи на реваншот имаше милост кон Литванците, следен на менито е Левски Софија

Шкупи и Хегелман одиграа во Скопје без голови на реваншот од нивниот двобој од квалификациите во Конференциската лига.

Првиот меч во Литванија заврши со 5-0 за чаирчани, па реваншот беше само формалност и резултатот од вечерва е добар за гостите бидејќи Шкупи беше поопасен. Во второто квалификациско коло, Шкупи ќе игра со бугарскиот претставник Левски од Софија кој беше слободен во првата квалификациска рунда.

- Оглас -

Најнови вести