Екипата на Ал Наср доби уште една фудбалска лекција на контролен меч против екипа од Европа. Тимот во кој настапува Кристијано Роналдо прво загуби со 5:0 од Селта Виго, а синоќа загуби со 4:1 од португалскиот гигант Бенфика.
Во редовите на Бенфика беше искусниот Анхел Ди Марија, кој покажа дека е во одлична форма. Аргентинецот постигна еден гол, а имаше и еден потег кој го одбележа мечот.
Ди Марија успеа со еден потег да го исфрли Кристијано Роналдо од игра, а Португалецот потоа во немоќ направи прекршок.
Stop that Di Maria. pic.twitter.com/UR43f8J50d
— Stop That Football (@stopthatfooty) July 20, 2023
Голот на Ди Марија беше навистина фантастичен.