Тренерот на бундеслигаш Лајпциг, Марко Розе, во изјава за германските медиуми го демантираше трансферот на Јошко Гвардиол во Манчестер Сити и рече дека тој останува во нивниот клуб.
– “Колку јас што знам, Јошко Гвардиол е наш играч и ќе остане да биде наш фудбалер. Не знам ништо за никакви лекарски прегледи, апсолутно ништо. Верувајте ми дека јас како тренер прв би знаел ако имаше нешто такво.“ – рече Розе.
Тренерот на Лајпциг со оваа изјава го демантираше најпознатиот фудбалски стручњак за трансфери, Фабрцио Романо, кој во средата објави дека е готов трансфер на Јошко Гвардиол во Манчестер Сити за 100 милиони евра.