Лацио потпиша со напаѓач кој пред неколку месеци му даде четири гола на Реал Мадрид

Аргентинскиот напаѓач Валентин „Тати“ Кастељанос е нов член на Лацио. Овој голгетер се прослави пред неколку месеци кога во дресот на Жирона постигна четири голови против Реал Мадрид во меч од шпанската лига.

Кастељанос во Жирона играше како позајмен од американскиот клуб Њујорк сити ФК, па лацијалите за 15 милиони евра го откупија Тати од Американците, а не од Шпанците. Договорот е до јуни 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести