Која е италијанската манекенка која го маѓепса Роналдо? (Фото)

Кристијано Роналдо не можеше да остане имун на убавите италијански девојки. Само неколку месеци откако пристигна во Јувентус, португалската супер ѕвезда се соочува со криза во врската со неговата свршеница Георгина. Според пишувањата, Роналдо започнал да флертува со италијанската манекенка Мануела Ферера.

Самата манекенка се пофали дека Роналдо ѝ испраќал пораки, откако успеал да го добие нејзиниот мобилен број, од заеднички пријател. „Ми напиша дека сум убава, а потоа продолживме да разговараме“, откри 34-годишната Мануела.

Роналдо неодамна ја побара својата девојка Георгина за жена. Георгина е девојката која му роди едно од четирите деца на Португалецот. Останатите три деца се од сурогат мајки. Покрај тоа што има вереница и дете со нејзе, Роналдо не успеал да одолее на Италијанката.

https://www.instagram.com/p/BseCdf8BYWa/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/BsFV8r7hB3t/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/BsBpWzchqhJ/?utm_source=ig_web_copy_link

 

- Оглас -

Најнови вести