Кадетите со висок пораз од Велика Британија го започнаа првенството во Португалија

Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 18 години имаше лош старт на Европското првенство – Б дивизија, кое се одржува во португалскиот град Матошињос, откако денес во првиот натпревар загуби убедливо со 68-84 од Велика Британија.

Избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ немаа никакви шанси против очигледно поквалитетниот противник и само втората четвртина може да добие преодна отценка.

Мечот го отворивме лошо, првиот период го загубивме со 17-9, а во вториот успеавме да надополниме само еден поен и на паузата да одиме со негатива од седум поени, односно 34-27 за Велика Британија.

Британците ги добија и третата и четвртата четвртина и на крајот сосема заслужено забележаа победа од 16 поени разлика, односно 68-84.

Мала утеха за нашата е репрезентација е тоа што Марко Луканоски беше најефикасен на паркетот со 22 поени. Двоцифрени беа и Шошкоќ со 12 и Јаничиќ со 11 поени.

Нашите репрезентативци веќе утре го играат натпреварот од второто коло, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Австрија.

 

- Оглас -

Најнови вести