Големо засилување пристигна во Битола: Поранешен голман на Вардар ќе брани за Еурофарм Пелистер (Фото)

Голманот на репрезентацијата на Алжир и поранешен чувар на мрежата на скопски Вардар, Калифа Гедбан, е ново засилување на екипата на Еурофарм Пелистер.

Гедбан треба да се приклучи на екипата на подготовките во Маврово, а официјалната презентација ќе следува на почетокот на следниот месец.

Алжирецот во Битола пристигнува од романскиот Динамо Букурешт, а од 2018-тата до 2020-тата го бранеше голот на Вардар. Во својата кариера има настапувано и за Петролиерс (Алжир), за шпанските Понте Генил и Адемар Леон, и кратко за Ал-Рајан од Катар.

Ова за екипата на Еурофарм Пелистер е шестто засилување за настапот во групите на Лигата на шампионите, откако претходно во клубот пристигнаа Цехте, Борзаш, Нилсен, Петровиќ и Ѓорговски.

- Оглас -

Најнови вести