Наполи го запре Кваљарела и ја декласираше Сампдорија

Наполи за 68 секунди во првото полувреме даде два гола, и си го отвори патот до победата над Сампдорија. Неаполците славеа со 3:0 и сега имаат серија од 17 меча по ред без пораз на свој терен во Серија А.

Првите два гола паднаа во 25 и 26 минута, а точка стави Верди од пенал во 89 минута. Лоренцо Инсиње кој беше стрелец на вториот гол, досега има 8 гола, исто колку во целата претходна сезона.

Очите на јавноста беа вперени кон 36-годишниот Фабио Кваљарела од Сампдорија, кој имаше низа од 11 средби по ред на кои даваше гол во првенствени мечеви. Тој вечерва беше запрен на „Сан Паоло“ и остана само на делба на рекордот со Габриел Батистута, не успевајќи да постави нова граница за сегашните и идните генерации.

Наполи цврсто го држи второто место, има осум бода помалку од Јувентус, а Јуве вечерва ја пречекува Парма и може повторно да се одлепи на 11 бода. Сампдорија може да биде симната од Атланта од местата кои водат во Европа.

- Оглас -

Најнови вести