Кардиф победи за Сала (Видео)

Боби Рид во петта минута од пенал, и во 46-та минута, му донесе значајна победа на Кардиф од 2:0 во дуелот со Борнмут. На Рид денеска му е 26-ти роденден, и тој е првиот играч во Премиерлигата после Кристијан Бентеке од декември 2016, кој на својот роденден постигнал два гола.

Пред почетокот на натпреварот, капитените на двата тима положија цвеќиња за фудбалерот Емилијано Сала кој не дочека да заигра за Кардиф, и пилотот Дејвид Иботсон, а на трибините имаше и кореографија посветена на аргентинскиот напаѓач.

Емотивен момент имаше и во 28 минута, кога сите присутни на стадионот аплаудираа во чест на 28-годишниот Сала, чие име навивачите го скандираа неколку минути.

И покрај победата, велшкиот тим остана во зоната на испаѓање во Премиерлигата, но сега е поблиску до безбедната зона. Погледнете ја атмосферата при излегувањето на играчите на терен:

- Оглас -

Најнови вести