Македонија загуби во меч на кој водеше со 17 разлика!

Машката јуниорска репрезентација на Македонија доживеа болен пораз во второто коло од ЕП од дивизијата „Б“ во Португалија. Нашите надежи имаа водство од дури 17 поени, но на крајот беа поразени со 77:74 од Австрија.

Одличната игра, во првата четвртина и почетокот на вториот квартал на крајот не беше доволен за конечен успех. Австрија стигна и до третата победа во групата „А“, а на нашите јуниори им остана само теоријата.

Нашите млади кошаркари почнаа само како што може да се посака. Одиграа четвртина за паметење. Десет минути во кои реализираа 31, а примија 19 поени. Во продолжението на средбата Македонија стигна до највисоки 36:19, но потоа следуваше пад во играта на нашите надежи.

На полувреме Македонија водеше само со пет разлика (38:33), а по 30 минути предноста на избраниците на селекторот Апостолски Лечиќ имаа минимална предност од 59:58.

На пет минути пред крајот Македонија водеше со 70:65, но потоа следуваше серија од 6:0 на Австриците кои поведоа со 71:70. Потоа беше 74:74, а во решавачките моменти, Австриците стигнаа до триумф.

- Оглас -

Најнови вести