Разочарувањето во Србија нема крај: “Ти народе станувај во четири наутро да го гледаш и да навиваш“

Откако вчера беше објавено дека Никола Јокиќ нема да игра за Србија на Светското кошаркарско првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи на разочараните навивачи. Иако официјалниот список се уште не е објавен, сепак, српските медиуми ја објавија вестта дека ниту убедувањето на Богдан Богдановиќ не помогнало шампионот во НБА лигата да заигра за репрезентацијата на Србија и да помогне да се освои медал.

Српскиот портал “Курир“ пренесува само дел од коментарите кои се наосечени кон Јокиќ.

– “Ти народе станувај во четири наутро да го гледаш и да навиваш“

– “Има човекот обврски на хиподормот“

– “Николас Јок. Оди играј за американците. Земиги со тебе и коњите.“

– “Јас сум будала што станувам да те гледам …“

– “Зарем некој очекуваше поинаков исход?“

– “Не сум хејтер, секоја чест за дечкото за се, но ова навистина ми пречи. Некогаш беше чест да се игра за репрезентацијата. Ова многу кажува за него“

– “Дечкото не треба повеќе ниту да биде повикан, а не пак да го убедуваме“

Србија на Светското првенство ќе игра во група со Кина, Порторико и Јужен Судан.

- Оглас -

Најнови вести