Пет скандинавски натпревари прават квота од 42.8 (Фото)

Пет натпревари од од скандинавските земји се дел од понудата со Квоти на денот на Sport Life. Два натпревари се од Шведска, додека по еден од Данска, Норвешка и Исланд. Петте тикети искомбинирани на еден тикет прават квота од 42.8.

Со дуелот Нордсјеланд – Виборг ќе биде затворено првото коло од новата сезона во првенството на Данска. Очекувањата се дека двете екипи ќе одиграат ефикасен натпревар и токму затоа предлогот за овој натпревар е дека ќе бидат постигнати голови во двете мрежи, но и дека екипите ќе бидат ефикасни во двете полувремиња. Квотата за оваа игра е 2.10.

За разлика од Данска, првенството на Норвешка е точно на средината. Екипата на Викинг е голем фаворит во дуелот против последнопласираната екипа на Алесунд и се очекува да постигне помеѓу еден и три голови во секое од полувремињата. Квотата во Sport Life за оваа игра е 2.10.

Ефикасен натпревар се очекува да одиграат екипите на Сириус и Мјалби во најквалитетната фудбалска дивизија на Шведска. Предлогот за овој натпревар е да се одигра дека во првото полувреме ќе биде постигнат најмалку еден погодок, додека на целиот меч ќе има 3+ голови. Квотата е 2.15.

Ефикасно се очекува да биде и на дуелот од втората по ранг лига во Шведска помеѓу Хелсинборг и Трелеборг. Очекувањата се дека на овој натпревар ќе бидат постигнати помеѓу еден и три голови во двете полувремиња, а квотата за оваа игра е 2.05.

Екипата на ФХ Хафнарфјордур како фаворит влегува во дуелот против претпоследнопласираниот Филкир и токму затоа предлогот е да се одигра двојна шанса на домашниот состав, но и дека ќе има најмалку три голови на целиот натпревар. Квотата за овој натпревар е најголема во оваа понуда, дури 2.20.

- Оглас -

Најнови вести