Домаќините се големи фаворити на петте предлог натпревари (Фото)

3428 – Брно – Власим (17:30)

Екипите на Брно и Власим го затвораат првото коло од новата сезона во чешкиот второлигашки фудбал. Власим е редовен “муштерија“ на Брно и веќе пет години нема победа против овој противник. Домашните се фаворити според квалитетот кој го поседуваат, а се очекува денес да бидат и ефикасни.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.35)

 

4699 – Депортиво Б. – Депортиво М. (20:00)

Првенството на Перу на самиот почетокот, а двете екипи кои имаат исто име се во долниот дел од табелата и немаа добар старт. Депортиво Бинационал влегува во мечот како фаворит и се очекува да забележи сигурна победа против Депортиво Мунисипал. Како за сите натпревари од перуанскиот шампионат, така и на овој се очекува екипите да бидат ефикасни и да постигнат најмалку три голови.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.91)

 

2868 – У. Крајова – Отелул Г. (20:30)

Универзитатеа Крајова како голем фаворит влегува во дуелот против новиот романски прволигаш Отелул Галати. Овие две екипи низ историјата имаат одиграно само два меѓусебни натпревари и тоа во сезоната 2014/15 кога Крајова двапати победила. Домашниот состав одлично го отвори првенството и победи на гости кај Динамо Букурешт со 2-0, додека Отелул на домашен терен одигра нерешено против УТА Арад.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.86)

 

2891 – Боависта – Леирија (21:15)

Боависта како благ фаворит влегува во дуелот против Леирија кој се игра во рамки на Лига купот на Португалија. Домашниот терен е предност за Боависта и очекувањата се дека нема да загубат. Со оглед на тоа дека ова е квалификациски натпревар, се очекува тој да биде ефикасен и со голем број на погодоци.

Предлог тип: 1Х & 3-6 (2.21)

 

6200 – Наполи – СПАЛ (18:00)

Шампионот на Италија, екипата на Наполи денес ќе го одигра првиот пријателски натпревар. Честа да му се спротивстават на шампионот ќе ја имаат фудбалерите на СПАЛ кои минатата сезона испаднаа од Серија Б и следната ќе играат во третолигашката конкуренција. Нема сомнение дека Наполи е апсолутен фаворит и ќе забележи висока и убедлива победа на денешниот натпревар.

Предлог тип: Т1 4+ (2.40)

- Оглас -

Најнови вести