Барселона одигра 2:2 против за нејзе традиционално незгодната Валенсија. „Лилјаците“ водеа со 2-0, но на крај треба да бидат задоволни и со бод, бидејќи ги издржа нападите на двојниот стрелец Меси, и неговите скапи другари. Валенсија од последните шест гостувања на „Ноу Камп“ има освоено 7 бода. Двата тима дадоа по еден гол од пенал (прв пенал досуден против Барса с езонава). Оваа сезона, двата меѓусебни дуели на Барса и Валенсија завршија нерешено.
Лионел Меси со двата гола, дојде до постигнување од 11 сезони по ред во шпанската лига во кои дава барем 20 гола, има девет меча по ред на кои дава гол, а тој има вкупно 29 гола на 27 меча во сите натпреварувања, додека погодокот од пенал му е 50-ти од белата точка. Тренерот Ернесто Валверде дојде до стотото реми во кариерата. Даниел Парехо кој е дете на Реал Мадрид, својот 300-ти меч во Примера го прослави со гол кај Барселона.
Барса има шест бода плус во однос на Атлетико Мадрид кој утре игра со Бетис на гости, и ако победи, може трката за титулата да ја направи поинтересна.