Регионалната АБА лига на денешниот состанок на Собранието официјално ги потврди екипите кои ќе учествуваат во новата сезона на АБА 2 лигата.
Согласно рангирањето во домашните првенства, потврдени се 13 учесници во АБА 2 лигата за сезоната 2023/24, а Македонија прв пат ќе има дури три преставници, а тоа се МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер и ТФТ. Покрај македонските преставници во лигата ќе бидат и Борац, Широки, Подгорица, Сутјеска, Цедевита Јуниор, Шибенка, Шенчур, Хелиос Санс, Златибор и Спартак Суботица. Последниот учесник во АБА 2 лигата ќе биде одреден преку квалификации, во кои ќе учествуваат Спарс, Војводина, Илирија и Босна Меридијанбет.
И во новата сезона, АБА 2 лигата ќе се игра по турнирски систем, а организаторите на турнирите ќе бидат одредени подоцна.
Првиот турнир во кој ќе има две кола ќе се одржи од 9 до 13 октомври. Во рамките на првото коло, македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе се сретне со тимот на Цедевита јуниор, ТФТ ќе игра против Златибор, а прв ривал на Пелистер ќе биде Шенчур.