Пријателскиот меч на Ал Наср и Пари Сен Жермен е најинтересниот контролен дуел кој се игра денеска (почнува во 12.20 часот), поради присуството на повеќе ѕвезди, иако ќе го нема Килијан Мбапе чиј статус во ПСЖ не е јасен и можеби веќе никогаш нема да заигра за Светците.
Отсуството на Мбапе значи дека главна ѕвезда во тимот од Париз е Нејмар, но прашање е дали тој ќе игра, иако тренира редовно. Од друга страна, публиката во јапонскиот град Осака ќе има прилика да го види Кристијано Роналдо во дресот на Ал Наср и тоа е доволно за нив.
Ал Наср се засили со Алекс Телјес како втора принова летово после Марцело Брозовиќ, и ќе пробаат да му дадат отпор на ПСЖ кој има доста нови играчи. Ал Наср прими вкупно девет голови на двете пријателски средби со европски екипи.