Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар, објави фотографија на која како мало дете лежи во скутот на мајка му Надин Сантош која го прегрнува. Нејмар поради повреда, нема да игра до почетокот на април, ова е тежок и болен период за него, тој се рехабилитира, и нема да може да му помогне на ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед.
„Без разлика колку години поминале, мајчината прегратка секогаш ќе биде мајчина прегратка“ – напиша разнежнетиот Нејмар.
Се разбира, фотографијата предизвика и позитивни и емотивни реакции, но и многу негативни коментари од дежурните „хејтери“, кои се шегуваат на сметка на фудбалерот.