Фудбалскиот клуб Вардар преку соопштение на социјалните мрежи информираше дека комплетирана е целата документација и клубот ќе ја добие потребната лиценца за настап во прволигашката конкуренција.
Проблемот бил завршната сметка и ревизорскиот извештај кој не бил изготвен од страна на компанијата за сметководство поради долг на претходното раководство. Сега тој проблем е решен и долгот е платен од средствата кои се собрани преку акцијата за продажба на сезонски билети.
Рокот за комплетирање на документацијата кој им го даде ФФМ е до среда, односно утре.
Во продолжение комплетното соопштение на ФК Вардар.