На Јуве му прејде во навика да прима по три гола

Парма е првиот тим кој сезонава даде повеќе од еден гол на гостување кај Јувентус, и со резултат 3:3 извлече бод на ова тешко гостување. Жервињо со два гола, од кои едниот во 93. минута, беше јунак на Парма.

Кристијано Роналдо со два гола и асистенција, беше човекот кој до донесе Јувентус на чекор од победа, но Жервињо ги шокираше, па „старата дама“ сега има 9 бода предност во однос на вториот Наполи.

После дебаклот во Купот, кога беа разбиени од Аталанта, во Јуве сакаа на своите фанови да им се извинат со првенствен победа и не успеаја во тоа. Јувентус првпат сезонава во Серија А, прими два гола на еден меч, па Парма успеа да избегне пораз.

Роналдо на последните пет меча има дадено шест гола во Серија А, а три од четирите ситуации кога Португалецот даде два гола, тоа беа мечеви во Торино. Роналдо изби на првото место на стрелци, во лигата има дадено 17 гола, нешто што не му успеало на играч на Јуве после 22 гола, од учинокот на Давид Трезеге пред 13 сезони.

Од 62 до 66 минута, Јуве даде два, а Парма еден гол, и тоа беше најинтересниот дел од мечот, пред голот во 93 минута да му одземе два бода на тимот на тренерот Масимилијано Алегри. За Јуве ова е трето реми, покрај 19-те победи во 22 кола.

- Оглас -

Најнови вести