Лионел Меси не е сериозно повреден, туку само добил силен удар во бутниот мускул на десната нога на дуелот со Валенсија, покажаа првичните резултати од медицинскиот преглед во соблекувалната на Барселона, веднаш по мечот.
Во таборот на Барселона се оптимисти дека Аргентинецот без проблем ќе настапи против Реал на „Камп Ноу“ во среда, на првиот полуфинален меч меѓу вечните ривали во Копа Дел Реј.
Сепак за да бидат потполно сигурни дека не се работи за сериозна повреда најавени се дополнителни прегледи за утре.
Меси се повреди во 72. минута од дуелот со Валенсија, што заврши со резултат 2:2, но сепак го доигра мечот до крај, иако беше видливо дека не игра со сто проценти сила во финишот.