Во Будуќност веруваат дека може да ја елиминираат Струга

Струга со голот на Бесарт Ибраими го победи црногорскиот првак Будуќност со 1-0 и со минимална предност оди на реваншот во Подгорица во отворена битка за пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига.

Тренерот на Будуќност, Младен Милинковиќ, денеска не го водеше својот тим во Охрид, и беше разочаран од играта. Црногорците немаа ниту еден шут во рамките на голот.

„Резултатот ни дава право да се надеваме и да веруваме дека пред нашите навивачи може да избориме пласман во следното коло. Првото полувреме не беше како што посакувавме, а и покрај тоа, при 0-0 имавме две-три добри ситуации за гол во кои моравме подобро да реаграме и да ги казните грешките на противникот. Во вториот дел играта беше нешто подобра, но не и задоволителна. Голот го примивме после индивидуална грешка, но не сакам целиот притисок да го ставаме врз нашиот млад стопер. Нему му е најтешко и треба да му помогнеме. Верувам дека од меч во меч ќе бидеме подобри и дека ако поминеме понатаму, ќе биде голем стимул за тимот“ – вели тренерот на Будуќност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести