И во УЕФА знаат дека може да има проблеми: Шкупи – Левски е прогласен за дуел од висок ризик

Шкупи е еден од двата преостанати македонски претставници во европските натпреварувања на УЕФА, а ако чаирчани сакаат оваа летна авантура да им продолжи, ќе мора вечерва на арената „Тодор Проески“ да обезбедат добар резултат против Левски, во првиот меч од второто квалификациско коло од Конференциската лига.

На трибините на нашиот најголем стадион се очекува доаѓање и на околу 1.600 навивачи на Левски. Бугарскиот тим уште пред неколку дена објави дека има добиено 5 отсто од капацитетот на стадионот и дека толку нивни навивачи ќе бидат во Скопје да ги бодрат.

Од УЕФА најавија дека овој меч е од висок ризик, што значи дека ќе треба да има дополнутелно обезбедување и полиција, за да се избегне судар на две различни навивачки групи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести