Мбапе ги одби, па сега Ал-Хилал сака да го ангажира Осимен?!

Килијан Мбапе одби да преговара со раководството на Ал-Хилал, иако тие понудија неверојатни 300 милиони евра како обесштетување на ПСЖ и уште поневеројатни 700 милиони евра за францускиот репрезентативец како плата само за една сезона во Саудиска Арабија.

Тој можеше само по една сезона да замине од Ал-Хилал како слободен играч и без проблем да се пресели во Реал Мадрид, но до такво нешто нема да дојде.

Сега раководството на Ал-Хилал со сите сили ќе тргне по потписот на Виктор Осимен од Наполи. Претседателот на Наполитанците, Аурелио де Лаурентис, за неговиот потпис бара најмалку 100 милиони евра, а проценетата вредност на фудбалерот е 120 милиони евра. Оваа сума воопшто нема да претставува проблем за клубот од Саудиска Арабиј, но проблем може да биде дали 24-годишниот Осимен ќе сака да ја продолжи кариерата на Арапскиот Полуостров.

- Оглас -

Најнови вести