Пари Сен Жермен загуби од Серезо Осака со 2-3 во контролен меч кој потврди дека Светците имаат многу проблеми, особено во одбраната.
Серезо е тим кој е петтопласиран во јапонската Џеј лига, а победничкиот погодок за нив го даде ветеранот Шинџи Кагава, кој е некогашен играч на Борусија Дортмунд и Манчестер јунајтед.
ПСЖ без Мбапе, кој под казна остана во Париз, и Нејмар, кој не е подготвен и седеше на клупа, а и со нарушена атмосфера во тимот (клубот му се закани на Маркињос дека ќе го продаде поради тоа што го пофалил Мбапе), не делува воопшто моќно, напротив.
Емануел Екитике со гол и асистенција беше најсветла точка во тимот на Луис Енрике. Голот на Витиња за 2-1 и одличната асистенција на Екитике погледнете ги ТУКА. Но, во финишот Јапонците направија пресврт и победија со 3-2.