Италија и Турција поднесоа заедничка кандидатура за организација на ЕП 2032

Фудбалските федерации на Италија и Турција ја објавија заедничката кандидатура за домаќини на Европското првенство кое треба да се игра во 2032 година.

Според договорот, двете земји треба да понудат по пет или по шест стадиони на кои би се играле мечевите, со тоа што отворањето и првата средба на ЕВРО 2032 би биле во Истанбул, а финалето во италијанската престолнина Рим.

Ова е добра вест и за Британците бидејќи Обединетото Кралство и Република Ирска вака остануваат фаворити за организатори на ЕП 2028 (ривал им е Турција со самостојна кандидатура). Следната година Европското првенство се игра во Германија, а Турција беше кандидат и за ЕП 2024.

Одлуката каде ќе се играат европските првенства во 2028 и 2032 година, ќе се донесе на 10 октомври годинава.

- Оглас -

Најнови вести