Женското светско фудбалско првенство е во полн ек, се играат мечевите од групната фаза. Аргентина е пред елиминација откако освои само еден бод во првите две кола. Една од оние фудбалерки кои се во центарот на вниманието е Јамила Родригез, која постојано трпи вербални напади и критики од аргентинските фанови.
Реакциите за Родригез не се поради нејзините игри на теренот, туку поради една тетоважа која ја има на левата нога. На горниот дел од ногата е тетовиран ликот на Диего Армандо Марадона, додека на долниот дел од ногата е ликот на Кристијано Роналдо.
Според многумина навивачи, Родригез е „предавник“ затоа што наместо да го тетовирала ликот на Лионел Меси, таа го истакнала Роналдо. На крајот, фудбалерката мораше јавно да реагира и да се „одбрани“, од овие вербални напади, па постираше фотографија на која Роналдо и Меси се прегрнати и потоа објасни:
„Ве молам, доста е! Уморна сум од ова и не се чувствувам добро. Во кој момент реков дека сум против Меси? Никогаш не сум рекла дека сум против Меси, ниту некогаш ќе бидам против“, напиша Родригез во реакцијата.
🙏🏼❤️🩹 pic.twitter.com/XoCMThenrP
— Yamii Rodriguez⚽ (@YamiiRoddriguez) July 25, 2023
Аргентина во третото коло ќе игра против Шведска и ќе мора да победи ако сака да се надева дека може да стигне до едно од првите две места во групата на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд.