ПСЖ повторно пазари во Барселона

Францускиот шампион ПСЖ е на добар пат да ја активира својата првата летна трансфер-бомба, и од Барселона на „Паркот на принцевите“ да го донесе Осман Дембеле.

Според француските медиуми, преговорите одат во посакуваната насока за ПСЖ и во наредните неколку дена би требало да се комплетира трансферот. Фудбалерот ќе потпише петгодишен договор со ПСЖ, а лекарските прегледи ќе бидат извршени во Лос Анџелес, САД, каде Дембеле моментно се наоѓа со тимот на Барселона на подготовки.

https://twitter.com/FabriceHawkins/status/1684910090690682880?s=20

ПСЖ треба до 31 јули да ги заврши сите детали од трансферот и да ја искористи откупната клаузула за Дембеле која изнесува 50 милиони. Од 1-ви август, клаузулата ќе се зголеми на 100 милиони евра.

Според медиумите, Дембеле е подготвен да ја прифати понудата на Светците, наводно му се допаѓа проектот на тренерот Луис Енрике и се очекува во следните неколку дена да се завршат сите работи и Французинот да биде промовиран како нов играч на ПСЖ.

Барселона многу нема да се прашува за трансферот бидејќи ПСЖ ќе ја плати клаузулата, како што го направи истото и во 2017 година кога плати рекордни 222 милиони евра за Нејмар.

Медиумите пишуваат дека Дембеле не доаѓа како замена за Килијан Мбапе туку на инсистирање на тренерот Енрике.

- Оглас -

Најнови вести