Војната на релација Килијан Мбапе – ПСЖ се заканува да предизвика голем раздор во тимот, и веќе капитенот се најде на удар на сопственикот на Светците, емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани.
Капитенот Маркињос јавно му даде поддршка на Килијан Мбапе и тоа на официјална прес-конференција на тимот и веднаш го почувствува гневот на шеикот.
Маркињос е ставен на трансфер-листата бидејќи шеикот не сака играчи во тимот кои се противат на неговите одлуки.
https://twitter.com/RudyGaletti/status/1685013947571675139?s=20
Агентот на Бразилецот веднаш започна потрага по нов клуб и се поивесно е дека Маркињос ќе се пресели во Саудиска Арабија. Сериозен интерес за Маркињос пројавува Ал-Наср и Бразилецот дал зелено светло да започнат преговорите за евентуален негов трансфер во Саудиска Арабија.
Маркињос во ПСЖ пристигна во 2013 година и одигра повеќе од 400 натпревари за Светците.