Ова би било удар од кој Барселона тешко може да се опорави, Педри се сели во ПСЖ?

Францускиот шампион ПСЖ за само еден ден може да и украде две ѕвезди на Барселона, од кои посебно болно за навивачите, тренерот Чави Ернандес и управата, би било доколку останат без фудбалерот кого го гледаа како лидер на тимот во наредната деценија.

Француските медиуми пишуваат дека во ПСЖ се помирија со податокот дека летово ќе останат без Марко Верати и неговата замена ја гледаат во Барселона и тоа во младиот Педри.

Наводно Педри во Париз би пристигнал на инсистирање на новиот тренер Луис Енрике, а и самиот фудбалер нема ништо против ваквиот евентуален трансфер.

Барселона не сака да слушне за преговори за продажба на својот бисер, но немоќна е да спречи трансфер бидејќи во договорот на Педри има откупна клаузула која изнесува само 110 милиони евра и одлуката дали ќе остане на „Камп Ноу“ или ќе си замине и на самиот фудбалер.

Претходно, медиумите објавија дека ПСЖ планира да ја активира откупната клаузула за Осман Дембеле од Барселона која до 31 јули изнесува само 50 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести