Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, ќе игра во финалето на турнирот во австриски Крамзах, откако денеска во полуфиналето беше подобар од Французинот Ерхард со 4-6, 6-2, 6-2.
Ивановски во првите три кола редеше победи против домашни тенисери, а денеска за првпат загуби сет, но направи пресврт против играч со кој има сличен рејтинг на АТП листата. Калин е втор носител на турнирот, па пласманот во финалето е потврда дека ја моправдал фаворитската улога.
Ова е турнир кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари. Можни противници на македонскиот тенисер се прв и от носител Крафорд од САД или Ли од Јужна Кореја.