Италијанскиот фудбалер Џанлука Скамака кој е роден во Рим, а во минатата сезона играше за Вест Хем, се прослави пред две сезони во дресот на Сасуоло, па сега од тој клуб бараат од Скамака да не се враќа во Серија А.
Скамака е пред договор со Рома, а во Сасуоло сакаат да го спречат тоа.
Директорот Џовани Карневали, го „предупреди“ Скамака дека трансферот од Вест Хем во Рома нема да биде добар за него.
„Скамака има голем потенцијал и може да игра за големи клубови. Но, ако јас бев Скамака, ќе останев во Премиер лигата. Само една сезона беше таму, му треба време да се навикне таму, имаше повреди, и не знаеше англиски јазик. Треба да остане таму, не да се врати во Италија, особено не во Рома. Знам дека тоа е негова желба, но верувам дека тоа е погрешно“ – вели Карневали.
Инаку, Скамака фудбал почна да тренира во Лацио, но од 2012 до 2015 година беше во младинските категории на Рома.