Полувреме во Арлингтон: Барселона даде гол како на плејстејшн, Винисиус промаши пенал (Видео)

Вистинско шот во првото полувреме на пријателскиот натпревар помеѓу Барселона и Реал Мадрид кој се игра во Арлингтон, САД. После 45 минути игра “каталонците“ имаат водство од 1-0 преку Осама Дембеле.

Вистинска плејстејшн акција одиграа фудбалерите на Барселона и заслужено имаат водство на полувремето.

Реал Мадрид многу брзо, уште во 20-тата минута можеше да го израмни резултатот, но Винисиус не успеа да реализира пенал, односно ја погоди само гредата од голот на Тер Штеген.

Гледачите во Тексас во првиот дел имаа можност да видат и уште неколку одлични шанси на двете страни, греда и дирек за Реал Мадрид, но и неколку мешаници во кои учествуваа играчите на двете екипи.

- Оглас -

Најнови вести