Барселона му покажа на Реал кој е шампионот: “Каталонците“ убедливи на пријателскиот натпревар во САД (Видео)

Фудбалерите на Барселона уште еднаш покажаа зошто се шампиони на Шпанија и го декласираа Реал Мадрид на контролниот натпревар во САД со 3-0.

“Каталонците“ во првиот дел дојдоа во водство од 1-0 преку феноменалната акција која во гол ја претвори Осама Дембеле во 15-тата минута.

Во второто полувреме играта спласна, беа направени многу замени во двете екипи, а Реал беше тој кој диктираше темпо и имаше повеќе шанси. Сепак, малку познатиот Фермин Марин во 85-тата минута со прекрасен удар од далечина ја носи Барселона во водство од 2-0. Интересно, овој фудбалер минатата сезона настапуваше во третата шпанска лига за екипата на Линарес.

Само што започна да тече судиското надополнување на времето, нов погодок во мрежата на Реал Мадрид. Феран Торес успева да го пронајде патот го голот на Тибо Куртоа за високи 3-0 за Барселона, што воедно беше и конечен резултат на овој натпревар.

Реал Мадрид во текот на натпреварот дури петпати успеваше да ја погоди рамката од голот на Барселона, а дури трипати тоа му се случи на Винисиус.

Американската турнеја за Барселона продолжува со дуел против Милан во среда рано наутро по македонско време, додека Реал Мадрид ќе игра против Јувентус во четврток.

- Оглас -

Најнови вести