Ферстапен тргнува од шесто место, а мали се шансите дека некој друг ќе победи на Спа (Фото)

Прилично мала е веројатноста на денешната Формула 1 трка за Големата награда на Белгија да победи некој друг освен Макс Ферстапен, но има околности кои може да не му одат во прилог на актуелниот шампион кој е ептен доминанен сезонава.

Поради казната од пет места назад за менување на менувачот, пилотот на Ред Бул ќе тргне дури од шестата позиција, на стартот пред себе ќе ги има Шарл Леклер, Серхио Перес, Луис Хамилтон, Карлос Саинс и Оскар Пјастри. Ова значи дека Ферстапен ќе треба да ги претекне на патека или со добра стратегија да излезе пред нив, ако сака победа.

Лани Ферстапен на патеката Спа Франкошамп стартуваше од 14-тото место, па победи на крај, затоа и годинава е прв фаворит и се чини дека само некоја несреќна околност и хаос поврзан со можен силен дожд може да биде закана за негов нов триумф.

Според квотите во Sport Life, Ферстапен е главен кандидат за победа, а едноцифрена квота има и за неговиот тимски колега Перес. Инаку за денешната трка, во понудата на Sport Life имате речиси 120 различни опции и игри за обложување.

Тие двајца се убедливо најсериозни кандидати и да имаат најбрз круг, а речиси и да не се даваат шанси да победи некој болид кој не е од Ред Бул. Може да се обложите и кој прв ќе се откаже, кој прв ќе влезе во бокс, а тука се и други предизвици како дуелите и да погодите дали некој ќе се пласира на првите три места.

- Оглас -

Најнови вести