Мароканка е првата фудбалерка која носеше хиџаб на натпревар од СП за жени

Мароканската фудбалерка Нухаила Бензина влезе во историјата на фудбалот, откако прва настапи на натпреварот од Светското првенство за жени со хиџаб на главата. Нејзината репрезентација денес ја совлада Јужна Кореја со 1-0 и ги задржа шансите за пласман во следната рунда.

ФИФА долга забрануваше носење на хиџаб на натпреварите кои се во нивна организација, но таа забрана беше тргната во 2014-тата година. Сега, дури девет години потоа Бензина го искористи тоа правило и играше со хиџаб на главата. Таа на првиот натпреварот против Германија (0-6) остана на клупата за резерви и дуелот на Мароко против Јужна Кореја беше нејзино деби на светските првенства.

- Оглас -

Најнови вести