Ливерпул и Јирген Клоп тргнаа со победа на азиската турнеја и со убедливи 4-0 го совладаа Лестер на натпреварот во Каланг, Сингапур. Победникот беше решен од 30-тата до 38-мата минута кога “црвените“ постигнаа три погодоци, а стрелци беа Нуњез, Кларк и Диого Жота.
Во второто полувреме беа направени многу измени во двете екипи, а за Ливерпул дебитираше големото засилување Доминик Собослаи.
Единствениот гол за Ливерпул во второто полувреме беше дело на Бен Доак во 64-тата минута. Екипата на Ливерпул на азиската турнеја ќе одигра уште еден натпревар во Сингапур, и тоа против Баерн Минхен.