Ал-Хилал сака да го доведе Осимен, но неговата цена не е иста за нив и за другите клубови

Клубот од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, откако не успеа во намерата да ги донесе Лео Меси и Килијан Мбапе, сега своите погледи ги насочува кон Виктор Осимен од Наполи.

Претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис, постојано изјавуваше дека неговата цена е 120 милиони евра и секој клуб што ќе сака да го купи ќе мора да плати толку. Сепак, сега пристигна малку повисока понуда, односно од 130 милиони евра од Ал-Хилал, но таа експресно беше одбиена.

Де Лаурентис не сака ниту да слушне да го продаде на Ал-Хилал за оваа сума и сега неговата цена изнесува 200 милиони евра, цена што веројатно е превисока дури и за клуб од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести