Денеска заврши Светското првенство во пливачки спортови кое се одржа во Фукуока, Јапонија, а најдобра беше Австралија и тоа не им се допадна на Американците.
Телевизијата Ен-би-си во првите пет дена од СП објавуваше табела со освоени медали како што прават сите медиуми и спортските федерации, и на првото место беше земјата со највеќе освоени златни медали.
Но, во последните два дена од СП, кога Австралија веќе имаше освоено десет златни медали, а САД само три, Ен-би-си одлучи да си прави своја табела според која САД се најдобри бидејќи имаат освоени највеќе медали вклучувајќи ги сребрата и бронзите.
Australia continues to dominate the US in the pool. NBC continues to swim in denial. pic.twitter.com/Rtxwa9zUxS
— jules hughan (@juleshughan) July 29, 2023
Светските спортски медиуми сметаат дека причината за новата табела не е само Австралија, туку и Кина и Франција кои пред последниот од СП имаа освоено повеќе златни медали од САД во Фукуока.
На СП во Фукуока, најдобра беше Австралија со 13 златни медали, а вкупно освои 25 медали, додека САД освои само седум злата, но вкупната бројка на медали изнесува 38.