Авионот на Динамо исчезна од радарот, но пилотите имаат објаснување за тоа

Експедицијата на Динамо Загреб попладнево отпатува во Казахстан, каде што треба да го одигра реванш-натпреварот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Авион со фудбалерите преку Србија и Бугарија се упати над Црното Море, но таму се изгуби од радарот и го немаше еден час. Авионот повторно на радарот се појави кога влезе во воздушниот простор над Грузија, а од таму се упати кон Казахстан.

Пилотите ваквиот настан го објаснуваат со фактот дека воздушниот простор над Црното Море се наоѓа многу блиску до воената зона во Украина и токму поради тоа пилотите намерно го исклучуваат инструментот за следење на летот.

- Оглас -

Најнови вести