Клоп: „Не сакам да ја уништам приказната, но …“

Во последните неколку дена се појавија шпекулации околу можниот трансфер на Килијан Мбапе од ПСЖ во Ливерпул, но тренерот на Црвените од „Енфилд’ има свој коментар околу евентуалниот мегатрансфер во неговиот клуб.

„Смешна ми е оваа приказна. Можам само да кажам дека се работи за одличен фудбалер, но финансиските услови не ни одговараат. Не сакам да ја уништам оваа приказна, но колку што јас знам, во оваа приказна нема вистина. Меѓутоа, можеби некој во клубот нешто подготвува за да ме изненади, иако такво нешто се нема случено во изминативе осум години. Тоа ќе биде првпат“, изјави Јирген Клоп за англиски „Скај“.

- Оглас -

Најнови вести