Уште еден клуб доби понуда: Бугарите по секоја цена сакаат да купат клуб во Македонија (Фото)

Откако бугарската фондација „Македонија“ испрати понуда за купување на ФК Вардар, која експресно беше одбиена, уште еден клуб од Македонија доби понуда да биде купен од Бугарите.

Се работи за ФК Брегалница од Делчево, член на Третата лига – Источен регион и поранешен прволигаш. Случајно или не, вториот клуб кој добива понуда е од градот кој го носи името на великанот Гоце Делчев.

Слично како и Вардар, понудата веднаш и јавно беше одбиена и од страна на ФК Брегалница од Делчево.

- Оглас -

Најнови вести