Кејн го делат 20 милиони евра од преселба во Минхен

Вчерашната средба меѓу претставниците на Баерн Минхен и Тотенхем заврши без договор за трансферот на Хари Кејн, но преговорите ќе продолжат, објави Скај спортс.

Според Скај спортс, разликата од тоа што го бара Тотенхем и го нуди Баерн е 20 милиони евра.

Претседателот на извршниот одбор на Баерн, Јан-Кристијан Дресен и техничкиот директор Марко Непе во Лондон допатуваа со понуда од 85 милиони евра отштета и бонуси од 10 милиони, но претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, бара 115 милиони евра за да го пушти капитенот да се пресели во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести