Кавани на фантастичен начин беше промовиран во гигантот за кој посакал да игра уште кога имал само 12 години (Видео)

Повеќе од една и пол деценија Единсон Кавани играше на врвно ниво во европскиот фудбал, а сега реши предизвикот да го побара во еден од најголемите клубови во Јужна Америка, Бока jуниорс.

Кавани, кој има 36 години, потпиша едно и пол годишен договор со Бока jуниорс, што наиде на воодушевување кај фановите на овој аргентински гигант. Докажаниот голгетер кој има играно за Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Валенсија доби спектакуларно преставување на легендарниот стадион „Ла Бонбоњера“.

Уругваецот ќе го носи дресот со бројот 10, кој некогаш беше во сопственост на Диего Армандо Марадона.

„Ова е голема емоција. Кога имав 12 години, бев на трибините на овој стадион и почувствував желба да играм токму за овој клуб“, им порача Кавани на навивачите и додаде: „По толку многу години, во кои фудбалот ми даде од сѐ по малку, сега сум на местото каде што уживам со своето семејство“, порача Кавани на презентацијата пред навивачите на Бока.

https://twitter.com/i/status/1686141356496875520

- Оглас -

Најнови вести