Поранешниот шпански репрезентативец Сеск Фабрегас неодамна му кажа збогум на фудбалот и започна тренерска кариера во младинските категории на италијанскиот Комо. Тој за медиумите зборуваше за почетокот на неговата тренерска кариера, но и се потсети на минатото и на неговите поранешни тренери.
Фабрегас посебно се осврна на перодот во којшто соработуваше со Жозе Мурињо во Челзи.
„Мурињо ми пишуваше пораки. Зборуваше со мене секој ден. Неговиот став јасно покажуваше дека сум еден од неговите најважни фудбалери во екипата. Беше шокантно. Играше со мојот ум како никој претходно и мислам дека го извлече најдоброто од мене. Играв многу добро“, вели Фабрегас.