Барселона тргнува по потписот на фудбалерот кој никој не сака да го доведе во овој преоден рок

Барселона ќе се обиде во своите редови да го донесе фудбалерот на Манчестер сити, Жоао Канселао. Тој минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во Баерн Минхен, но Баварците одлучија дека нема да го откупат неговиот договор и го вратија во Сити.

Пеп Гвардиола најави дека нема да смета на неговите усуги и тој може да си бара клуб, а ниту клубовите од Саудиска Арабија не се заинтересирани да го доведат во нивните редови.

Барселона во него гледа замена за Осман Дембеле, кој ќе направи трансфер во ПСЖ, па планот е тие пари да ги вложи во Португалецот. Моменталната вредност на Кансело е 50 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести