Македонскиот е подобар од црногорскиот првак, партија на кариерата за Марјан Радески (Видео)

Струга Трим Лум се пласираше во третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, што е најголем успех во кратката клупска историја на стружани.

Актуелниот македонски првак, го елиминираше црногорскиот првак Будуќност, и тоа со две победи, најпрвин дома со 1-0, а вечерва на гости со 4-3. Јунак на вечерашниот меч е Марјан Радески кој постигна три гола.

Ова е голот за 4-2 во 74-та минута, после кој стана јасно дека Струга ќе оди понатаму.

Во следното коло, Струга ќе игра со Есперанж, најдобриот тим од Луксембург, и тим кој во второто коло од квалификациите го елиминираше велшки ТНС. Ако стружани го совладаат и Есперанж, ќе дојдат на чекор од влез во групната фаза во Конференциската лига и ќе им остане само уште една пречка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести