Легендарниот бразилски фудбалер Марсело го направи најлошиот фаул во неговата кариера. Искусниот 35-годишен дефанзивец кој настапува за тимот на Флуминесе, направи брутален фаул на дуелот против Аргентинос Јуниорс, поради кој веднаш беше и исклучен.
Се играше 58 минута кога Марсело згазна на ногата на Лучијано Санчез и му ја скрши. Марсело немаше намера да го повреди противникот, но го направи еден од најлошите стартови што може да се види во фудбалот.
https://twitter.com/i/status/1686517281604468736
Судијата веднаш му покажа црвен картон, а Марсело со плачење си замина од теренот.
El lamento de Marcelo luego de lesionar a Luciano Sánchez pic.twitter.com/tCzLqpxpeG
— TNT Sports Argentina (@TNTSportsAR) August 1, 2023
Бразилецот цели 15 години настапуваше за Реал Мадрид, каде ги освои сите најзначајни трофеи. Потоа замина кратко во Олимпијакос, за да сега се врати во родниот Бразил, а овој фаул што го направи сигурно ќе биде запамтен во неговата кариера.
Marcelo has just been sent off for an awful challenge causing one of the worst injuries I’ve ever seen.
— AllThingsSeleção ™ (@SelecaoTalk) August 1, 2023