Атлетико со празни раце си замина од Андалузија

Бетис освои драгоцени три бода против Атлетико Мадрид со минимални 1-0 во мечот од рамките на 22-то коло во Ла Лига. Една катастрофална грешка на Фелипе Луис го оддалечи тимот на Диего Симеоне од трката за шампионската титула. Атлетико остана со празни раце и не го искористи ремито на Барселона против Валенсија за да се доближи на три бода разлика на табелата.

Се играше 63-тата минута кога дефанзивецот на гостите играше со рака во својата казнена зона по што главниот арбитар покажа кон белата точка во корист на Бетис. Каналес беше прецизен за 1-0, што беше доволно за Бетис по 13 години конечно да слави против Атлетико на домашен терен.

Со 32 бода Бетис сега е на шестото место, додека Атлетико го претрпе вториот овосезонски пораз и по ова коло ќе има 44 бода.

https://www.dailymotion.com/video/x71rodw

Овој „кикс“ на Атлетико може да го искористи Реал Мадрид доколку вечерва го совлада Алавес (20:45 часот), па така бодовната разлика меѓу мадридките екипи ќе биде само два.

- Оглас -

Најнови вести